Претставниците на Универзитетот во Калифорнија анализираат дали неодамнешните снежни врнежи на планинскиот премин Донер Пас во Сиера Невада ќе го урнат најснежниот декемвриски рекорд од 4,6 метри поставен во 1970 година, а досега се забележани најмалку три метри овој месец. Според „Меркур Њуз“, се очекуваат уште повеќе врнежи во следните 72 часа
Делови од Калифорнија на Божиќ осамнаа под снежна покривка. Се работи за планинските делов низ оваа американска сојузна држава, додека во други области на Калифорнија, владее дождливо време, бидејќи бурите продолжуваат, предизвикувајќи поројни поплави и евакуација на населението во некои области за време на празничниот период.
Претставниците на Универзитетот во Калифорнија анализираат дали неодамнешните снежни врнежи на планинскиот премин Донер Пас во Сиера Невада ќе го урнат најснежниот декемвриски рекорд од 4,6 метри поставен во 1970 година, а досега се забележани најмалку три метри овој месец. Според „Меркур Њуз“, се очекуваат уште повеќе врнежи во следните 72 часа.
Snow, snow, and more snow in Tahoe City, California on this Christmas Day! #CAwx #Snow #WhiteChristmas pic.twitter.com/6VaMzU0KQg
— WeatherNation (@WeatherNation) December 26, 2021
Во областа на Лос Анџелес, најверојатно до средината на следната недела ќе врне дожд и снег на планините, според Националната метеоролошка служба, со температури далеку под нормалата.
Поради прогнозата на метеоролозите за северозападниот дел на Пацификот, според која на некои места се очекуваат ниски температури со снег и мраз, градот Сиетл одлучи да отвори засолништа, додека гувернерот на Орегон и градот Портланд прогласија вонредна состојба.
Градските власти на Сиетл во четвртокот објавија дека градот ќе отвори две вечерни засолништа за погодените од тешките временски услови, почнувајќи од денеска и најмалку до среда.
Absolutely dumping #snow at the lab right now!#CAwx #CAwater pic.twitter.com/hOueY7ouBn
— UC Berkeley Central Sierra Snow Lab (@UCB_CSSL) December 23, 2021