Следната година, затемнувањето на Сонцето, иако делумно, ќе биде видливо на 29 март во Европа, на северот на Азија, во Северна и Западна Африка, во поголемиот дел од Северна Америка, на северот на Јужна Америка, во Атлантскиот Океан и во Арктикот
Милиони луѓе имаа ретка можност да го гледаат и да бидат сведоци на целосно затемнување на Сонцето од страна на Месечината, што се смета за природен феномен кој привремено го затемни денот во Мексико до Канада. Затемнувањето на Сонцето беше пшроследено со овации од тамошните жители, а преносот во живо го гледаа на НАСА, кој се емитуваше од повеќе локации во должина на патеката на затемнувањето.
¿Hablas español? Acompáñanos en esta transmisión completamente en español.
— NASA (@NASA) April 8, 2024
Our eclipse watch party in Spanish starts now. https://t.co/dJ94Cc6PHT
Настанот почна на пацифичкиот брег на Мексико во 20:07 часот по средноевропско време. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор уживаше, како што рече во тој незаборавен ден во крајбрежниот град Мазатлан.

Следното затемнување на тој континент ќе се случи дури за 21 година од сега.
Следната година, затемнувањето на Сонцето, иако делумно, ќе биде видливо на 29 март во Европа, на северот на Азија, во Северна и Западна Африка, во поголемиот дел од Северна Америка, на северот на Јужна Америка, во Атлантскиот Океан и во Арктикот.
Потоа, на 21 септември, делумно затемнување на Сонцето ќе биде видливо во јужна Австралија, Тихиот и Атлантскиот океан и повторно на Антарктикот.
Сонцето е околу 400 пати поголемо од Месечината, но и 400 пати подалеку, па изгледа дека двете ѕвезди се слични по големина.
