Меџити им ги честита победата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Пласница, како и пензионирањето на лидерот Али Ахмети
Членови и симпатизери на коалицијата ВЛЕН веќе слават победа во Општина Чаир. Преполно е во седиштето на ВЛЕН што се наоѓа веднаш до плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија.

Насобрани има и на самиот плоштад „Скендербег“.
По улиците се слушаат свирежи од возила.
Погледнете ги видеата од седиштето на ВЛЕН и од атмосферата на плоштадот „Скендербег“.
Прес-конференција одржа и Изет Меџити, кандидатот за градоначалник за Општина Чаир од ВЛЕН, на која ги честита победата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Пласница, како и пензионирањето на лидерот Али Ахмети.
На прес-конференцијата одржана по 19 часот, по затворањето на гласачките места, портпаролот на Централниот штаб на ВЛЕН, Дритон Сулејмани, рече дека процесот на гласање за локалните избори се одвивал мирно и уредно во сите општини на земјата. Изборниот ден помина без поголеми неправилности.
„Оваа е сликата што ја сакаме за нашата земја. Фер и мирен процес, кој покажува дека демократијата се зајакнувa и дека граѓаните се свесни за тежината и значењето на нивниот глас. Им се заблагодаруваме на сите граѓани што денеска учествуваа во гласањето, докажувајќи висока демократска и граѓанска свест“,
рече Сулејмани.
Покрај Чаир и Сарај, посочи дека очекуваат победа во првиот круг во општините Чаир, Сарај, Тетово, Боговиње и Теарце.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до 18:30 часот излезеноста во Чаир е 51,47 отсто.