Украинските власти претходно објавија дека сите жени, деца и постари лица се евакуирани од „Азовстал“, последното упориште на украинските сили наспроти руската војска во разрушениот град Мариупол
Повеќе од 170 цивили од Мариупол, меѓу кои и околу 40 од челичарницата „Азовстал“ во овој град, кој е речиси под целосно руска контрола, пристигнаa во Запорожје, пренесуваат повеќе светски медиуми.
Евакуираните цивили, меѓу кои некои биле и со мали деца, излегле од белите автобуси кои ги однеле до паркингот на комерцијалниот центар во Запорожје.
Тој град веќе е претворен во прифатно место за лицата кои бегаат од зоната која е под окупација на руската војска.
Вкупно 174 цивили во осум автобуси пристигнале од пеколот во Мариупоп, напиша на Твитер координаторката на Обединетите нации за хуманитарни прашања Оснат Лубрани.
„Оваа нова операција доведе до над 600 евакуирани цивили од таа зона“,
напиша таа во соопштението.
Украинските власти претходно објавија дека сите жени, деца и постари лица се евакуирани од „Азовстал“, последното упориште на украинските сили наспроти руската војска во разрушениот град Мариупол.
Заменичката на украинскиот премиер Ирина Верешчук рече дека тој дел од хуманитарната мисија во Мариупол е завршен, додека претседателот Володимир Зеленски рече дека треба допрва треба да се евакуираат повредените лица и медицинскиот персонал.