Во невремето биле поплавени повеќе простории во неколку градски населби, а на излез од градот биле заглавени неколку автомобили, по што противпожарната единица интервенирала на извлекување на лицата од возилата
Силно невреме со грмотевици и дожд денеска попладне го зафати Прилеп. Обилниот дожд предизвика поплави на одредени делови од градот, доведувајќи го нивото на водата и до еден метар.
Поплавени се пониските делови од улиците во централното градско подрачје, поради неможноста на атмосферската канализација да ги прифати големите количини на вода.
Во невремето биле поплавени повеќе простории во неколку градски населби, а на излез од градот биле заглавени неколку автомобили, по што Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп интервенирала на извлекување на лицата од возилата.
Противпожарната единица интервенирала и на пожар кој од невремето настанал во една куќа и на трафостаница.