Во 1.45 часот по локално време, земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтер го погодил планинскиот дел на провинцијата Чингхаи, кој се наоѓа на 3 659 метри надморска височина
Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди ретко населената област во западна Кина и го прекина железничкиот сообраќај поради оштетување на тунелот, соопштија властите.
Четири лица со полесни повреди во автономниот регион Менјуан Хуи се пуштени дома по укажаната медицинска помош, соопштија официјални лица на прес-конференција.
Во 1.45 часот по локално време, земјотресот го погодил планинскиот дел на провинцијата Чингхаи, кој се наоѓа на 3 659 метри надморска височина.
Епицентарот на земјотресот бил на 140 километри југоисточно од Ксининг, главниот град на провинцијата, каде луѓето во страв излегле од своите куќи.
Снимката на кинеската државна информативна служба покажува оштетувања на куќи, скршени прозорци и урнати тавани.
Сообраќајот на некои делови од брзата пруга од Лангжу во провинцијата Гансу до регионот Ксинџијанг е прекинат поради оштетување на неколку тунели, јави новинската агенција Ксинхуа.
Спасувачките и противпожарните тимови во Кингхаи и соседната провинција Гансу испратија околу 500 спасувачи во епицентарот, соопшти кинеското Министерство за вонредни ситуации.
Во состојба на готовност се уште 2 260 спасувачи од соседните провинции.
Министерството и кинеската управа за земјотреси испратиле тим во Кингхаи за да ја процени ситуацијата и да ги евакуира жителите од погодените области.