Бранови од 20 сантиметри подоцна се регистрирани во префектурите Аомори и Хокаидо, а илјадници луѓе добија наредби за евакуација
Јапонија денеска ја погоди земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, по што е издадено предупредување за цунами за северните и североисточните делови на земјата, информира Јапонската метеоролошка станица, а пренесува Ројтерс.
Потоа, следуваа уште неколку помали земјотреси со јачина од 4,3 до 5,7 степени.

Земјотресот се случил во 11:44 часот по локално време на длабочина од 20 километри, неколку дена откако посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди истата област, кога имаше и повредени.
Како што соопшти Јапонската метеоролошка агенција, можно е брегот да го погоди цунами високо и до еден метар.
Властите соопштија дека нема прекини во работата на нуклеарните централи што се наоѓаат во областа.
Бранови од 20 сантиметри подоцна се регистрирани во префектурите Аомори и Хокаидо, а илјадници луѓе добија наредби за евакуација.
Предупредувањето за цунами е укинато неколку часа подоцна.
Но, ризикот дека во регионот може да се случи мегаземјотрес останува непроменет.
Сепак, јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека денешниот земјотрес не спаѓа во претходното предупредување за мегаземјотрес.
#JUSTIN: A magnitude 6.7 earthquake rattled Japan’s northeast region, prompting a tsunami advisory as authorities monitor aftershocks. No immediate reports of major damage have emerged.
— India Today Global (@ITGGlobal) December 12, 2025
Source: NIPPON TV/JAPAN vis Reuters#Japan #Earthquake #SeismicActivity #JapanNews… pic.twitter.com/K59NfUCyfH
Јапонија го укина предупредувањето за цунами издадено откако земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди североисточниот регион на земјата во петокот, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA).
JMA претходно ја процени прелиминарната магнитуда на земјотресот на 6,7 степени.
