По средбата со премиерот Зоран Заев во Мадрид, Санчез испрати видеопорака до граѓаните во земјава
Шпанскиот премиер Педро Санчез, попладнево по состанокот со премиерот Зоран Заев упати видеопорака до сите граѓани во Република Северна Македонија.
„Премиерот (Зоран Заев), но исто така и сите граѓани на Република Северна Македонија, треба да знаат дека Шпанија е земја која е цврсто посветена на влезот на нивната земја во Европската Унија.
Ние го поздравуваме нивното членство во НАТО и секогаш ќе го поддржуваме влезот на Република Северна Македонија во Европската Унија.
И, исто така, би сакал да му оддадам почит на Зоран како личност, на мојот пријател Зоран, на неговата младост, но и на неговото раководство.
Тоа е реформско раководство, кое е во корист на граѓаните на Северна Македонија, кое што несомнено претставува важен скок напред во сетот реформи кои што се спроведуваат и се од корист за нејзиниот (Северна Македонија) влез во Европската Унија. Следствено тој може да смета на поддршката на Шпанија, се надевам дека наскоро, порано отколку подоцна, во Европската Унија.
Исто така, нема сомнение дека тие можат да сметаат на целата наша волја и помош за соработка од политички аспект, но и од економска гледна точка во однос на шпанските инвестиции во Република Северна Македонија следните години“,
се вели во пораката испратена од владината прес-служба.
