При пречекот во Дром, лице од публиката му удри шлаканица на францускиот претседател
Претседателот на Франција Емануел Макрон доби шлаканица од маж во публиката која за време на посетата на регионот Дром во југоисточна Франција.
По инцидентот, уапсени се две лица.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Макрон се приближува до оградата за да ги поздрави со присутните. Кога ја подал раката кон публиката во првите редови зад оградата, еден човек го удри по лицето. Полицијата веднаш реагираше, оддалечувајќи го Макрон од оградата.
Обезбедувањето на претседателот на Франција дошло до човекот што го удрил, но на видеото не е прикажуно што се случило потоа.
JUST IN – President #Macron slapped in the face during #France tour.pic.twitter.com/Zcu0N4lk3C
— Disclose.tv ? (@disclosetv) June 8, 2021