Случајот, појаснуваат од Царината, бил откриен откако инспектори од Одделението за оперативни работи при детален преглед на возилото забележале дека има преправки на надворешната фабричка конструкција на камионот со што се овозможува вадење на сајлата и отворање на церадата без да се оштети царинската пломба
Шест мигранти од Ирак биле откриени во камион при контрола од страна на мобилниот тим на Царинската управа на граничниот премин „Богородица“.
Мигрантите, како што информираат од Царинската управа, биле откриени во товарно моторно возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин.
Случајот, појаснуваат од Царината, бил откриен откако инспектори од Одделението за оперативни работи при детален преглед на возилото забележале дека има преправки на надворешната фабричка конструкција на камионот со што се овозможува вадење на сајлата и отворање на церадата без да се оштети царинската пломба.
Со отворањето на церадата, додаваат од Царинската управа, во товарниот дел меѓу стоката која се превезувала се откриени шесте мигранти.
„Стоката или вкупно 23 тони компот од праски, влекачот и полуприколката со вкупна вредност од 2,3 милиони денари привремено се одземени. До Основниот суд во Гевгелија се поднесени и соодветни прекршочни постапки поради прекршување на член 267 и 269 од Царинскиот закон“,
се вели во соопштението од Царинската управа.
Оттаму додаваат дека шесте мигранти му се предадени на Министерството за внатрешни работи.