Вооружен напаѓач застрелал шест лица, а потоа се самоубил на роденденска забава во Колорадо, САД. Според полициските извештаи, напаѓачот влетал на забавата која се одржувала пред камп-приколките и почнал да пука. Една од жртвите, како што јавуваат локалните медиуми, била девојка на убиецот.
„Напаѓачот одговорен за пукањето беше исто така пронајден мртов на местото на злосторството. Имаше едно лице кое беше пренесено во болница, но им подлегна на повредите“,
соопшти полицијата.
На прославата имало и повеќе деца, кои не биле повредени во пукањето. Полицијата сѐ уште ги истражува мотивите за масакрот.