Од авиокомпанијата потврдиле дека сите 172 патници и шесте члена на екипажот безбедно го напуштиле авионот

Десетици патници биле принудени да се евакуираат преку крило на авион на „Американ ерлајнс“ на меѓународниот аеродром во Денвер откако еден од неговите мотори се запалил, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).
Авиокомпанијата потврди дека сите 172 патници и шесте члена на екипажот безбедно го напуштиле авионот. Како што пишуваат светските медиуми, нема извештаи за лица со сериозни повреди, но надлежните потврдиле оти 12 патници со полесни повреди биле пренесени во локална болница за дополнителни прегледи.
Авионот слетал во Денвер откако екипажот се пожалил на вибрации на моторот, соопшти ФАА.
American Airlines flight 4012 caught fire after an engine failed…. Plane was diverted to Denver.
— Alexandria Cullen (@AlexandriaCTV) March 14, 2025
My mom was on this flight. THANK YOU GOD that they are alive. pic.twitter.com/4wBsFlj4TU
На социјалните мрежи се шири снимка од патници кои стојат на крилото на авионот и чекаат да бидат евакуирани додека густ чад излегува од моторот.
BREAKING: American Airlines plane catches fire at Denver airport pic.twitter.com/DwQvCCRrNz
— BNO News (@BNONews) March 14, 2025
Од компанијата велат дека авионот слетал безбедно на аеродромот, но потоа настанал проблем поврзан со моторот.
Портпаролот на меѓународниот аеродром во Денвер, пишува Си-ен-ен, потврди дека пожарот е изгаснат и дека летовите продолжиле да се одвиваат без прекин.
Овој пожар на моторот на авионот доаѓа неколку недели откако авион на „Делта ерлајнс“ се урна при слетување на пистата на меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто, Канада, а поради мразот и снегот авион се превртел на покривот.