Од СВР Охрид велат дека увидот ќе ги утврди причините за запалувањето на глисерот

Глисер што се спуштал во Студенчишки канал во Охрид утрово се запалил, информираат од охридската полиција.
Во пожарот нема повредени лица, а причинета е поголема материјална штета.
„Денеска околу 10:20 часот во СВР Охрид пријавено е дека има чад кој доаѓа од Студенчишкиот канал каде што се запалил пловен објект – глисер. Екипи од СВР Охрид, езерската полиција, армискиот центар за обука на вода и противпожарните екипи од Охрид веднаш се излезени на терен“,
велат од СВР Охрид за „360 степени“.
Оттаму додаваат дека е предизвика поголема штета на глисерот што се запалил од засега нејасни причини. Исто така, штета била предизвикана и на други глисери што биле во негова близина.
Од СВР Охрид велат дека увидот ќе ги утврди причините за запалувањето на глисерот.