Од МВР за „360 степени“ потврдија дека во пожарот нема повредени, но дополнителни информации за настанот најавија подоцна во текот на денот
Автомобил попладнево се запали кај кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае.
На терен интервенираат екипи на противпожарната бригада.
Од МВР за „360 степени“ потврдија дека во пожарот нема повредени, но дополнителни информации за настанот најавија подоцна во текот на денот.
Во моментот на избувнување на пожарот, автомобилот бил во правец на движење кон Ѓорче Петров.
