„Жителите на Киев мора да отидат во најблиските засолништа сега. Се очекува силен воздушен напад“, предупредува „Киев индипендент“
Во Киев пред околу половина час повторно се вклучиле сирените за тревога од воздушен напад.
Видео од градот на кое се слушаат сирените објави и репортерот на „Си-ен-ен“ на социјалните мрежи.
Sirens right now in Kyiv pic.twitter.com/14QDuibKOy
— Alexander Marquardt (@MarquardtA) February 26, 2022
„Киев индипендент“ исто така ја пренесе информацијата дека повторно се вклучиле сирените за тревога од воздушен напад.
„Жителите на Киев мора да отидат во најблиските засолништа сега. Се очекува силен воздушен напад“,
објави „Киев индипендент“ пред десетина минути.
⚡️⚡️⚡️Kyiv citizens must get to the nearest shelter now.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) February 26, 2022
Heavy air raid expected
И 30-тина минути претходно медиумот исто така го испрати истото предупредување преку социјалните мрежи.