Пратеникот Дарко Каевски на прес-конференцијата покажа 28 имотни листови за кои рече стои името на човек близок до актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски
Владејачката партија СДСМ на денешната прес-конференција објави, како што велат скандал со парцели во Долно Соње, во кој едно лице станало сопственик на бројни парцели.

Пратеникот Дарко Каевски на прес-конференцијата покажа 28 имотни листови за кои рече стои името на човек близок до актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски.
„Погледнете ги овие 28 имотни листови. Бројни парцели, со илјадници метри квадратни во Долно Соње за краток период станал сопственик само еден човек, близок до градоначалникот. Хектари се во прашање овде, над 30 илјади метри квадратни купено земјиште за само неколку години. Како е можно еден човек близок до актуелниот градоначлник Трпковски за краток временски период да купи 30 илјади метри квадратни земјиште? Дали станува збор за дил-ориентед релации кум-кумашин, како во времето на Никола Груевски и богатење на грбот на граѓаните?“,
рече Каевски.

Дел од имотните листови што ги презентираше Каевски на прес-конференцијата Дел од имотните листови што ги презентираше Каевски на прес-конференцијата
Тој ги повика сите надлежни институции по допрен глас да го проверат овој случај и да ја информираат јавноста
„Градоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски треба да излезе пред граѓаните и да објасни како негов близок за само неколку години станал сопственик на илајдници метри квадратни земјиште. Која е улогата на Трпковски во овој скандал со „парцели во Долно Соње“ од 30 илјади метри квадратни?“,
праша Каевски.
Подоцна заедно со интегралниот текст од прес-конферецијата, до медиумите беа доставени 28 имотни листови, кои според СДСМ ги докажуваат нивните тврдења.