Како што информира и Ројтерс, службите работеле на враќање на снабдувањето со електрична енергија по масовните прекини во областите под руска контрола во Запорошката Област
Руската војска утрово објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле 148 украински дрона во период од три часа.

По прекините на струја поврзани со воздушните напади, електричната енергија е вратена во речиси половина милион домаќинства.
Во соопштението за медиумите на руското Министерство за одбрана се наведува дека единиците за воздушна одбрана вчеравечер пресретнале 148 дрона во период од 20 до 23 часот.
🇷🇺🇺🇦 A massive Ukrainian drone swarm is hitting Russian oil terminals in the port of Novorossiysk, a port city on the Black Sea.
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) April 5, 2026
The oil infrastructure is engulfed in flames throughout the port.pic.twitter.com/cnoxLfLWvh https://t.co/fhnpNNnHOT
Градоначалникот на руското црноморско пристаниште Новоросијск, Андреј Кравченко, објави дека остатоците од дронот погодиле висока станбена зграда, но нема информации за жртви.
Севастопол, пристаништен град на Кримскиот Полуостров, пак, е нападнат од четири дрона, а уште седум биле соборени во последниот бран.
Исто така, во окупираниот регион Донецк на истокот од Украина, шефот на самопрогласената влада, Андреј Чертков, изјави дека по украинските напади врз енергетската инфраструктура, службите за итни случаи ја вратија струјата во два големи града, Донецк и Макиевка.
Тој претходно објави дека речиси половина милион домаќинства останале без електрична енергија.
Како што информира и Ројтерс, службите работеле на враќање на снабдувањето со електрична енергија по масовните прекини во областите под руска контрола во Запорошката Област.
Во рускиот пограничен регион Белгород, кој често е цел на украинската армија, по напад од дрон загина волонтер на Службата за цивилна заштита.
