Американскиот Институт за проучување на војната процени дека во последните две недели Украина ги засилила нападите врз руската нафтена инфраструктура, со фокус на руското пристаниште во Балтичкото Море и Ленинградската Област, кои се критични за рускиот извоз на нафта
Руската војска утрово објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле 148 украински дрона во период од три часа.

Американскиот Институт за проучување на војната процени дека во последните две недели Украина ги засилила нападите врз руската нафтена инфраструктура, со фокус на руското пристаниште во Балтичкото Море и Ленинградската Област, кои се критични за рускиот извоз на нафта.
Во соопштението за медиумите на руското Министерство за одбрана се наведува дека единиците за воздушна одбрана вчеравечер пресретнале 148 дрона во периодот од 20 до 23 часот.
Исто така, во окупираниот регион Донецк на истокот од Украина, шефот на самопрогласената влада, Андреј Чертков, изјави дека по украинските напади врз енергетската инфраструктура, службите за итни случаи ја вратија струјата во два големи града, Донецк и Макиевка. Тој претходно објави дека речиси половина милион домаќинства останале без електрична енергија.
Градоначалникот на руското црноморско пристаниште Новоросијск, Андреј Кравченко, објави дека остатоците од дронот погодиле висока станбена зграда, но нема информации за жртви. Севастопол, пристаништен град на Кримскиот Полуостров, пак, е нападнат од четири дрона, а уште седум биле соборени во последниот бран.
🇷🇺🇺🇦 A massive Ukrainian drone swarm is hitting Russian oil terminals in the port of Novorossiysk, a port city on the Black Sea.
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) April 5, 2026
The oil infrastructure is engulfed in flames throughout the port.pic.twitter.com/cnoxLfLWvh https://t.co/fhnpNNnHOT
Како што информира и Ројтерс, службите работеле на враќање на снабдувањето со електрична енергија по масовните прекини во областите под руска контрола во Запорошката Област.
Во рускиот пограничен регион Белгород, кој често е цел на украинската армија, по напад од дрон загина волонтер на Службата за цивилна заштита.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, ја продолжува својата турнеја низ земјите од Блискиот Исток и се сретна со својот сириски колега, Ахмед ал-Шара, во Дамаск. На средбата изрази загриженост дека продолжената американско-израелска војна против Иран би можела дополнително да ја намали поддршката на САД за Украина, бидејќи глобалните приоритети на Вашингтон се менуваат, а Киев се соочува со намалени испораки на критично потребните ракети за воздушна одбрана „патриот“.
Според него, на Украина ѝ се потребни повеќе ракети „патриот“ за да ѝ помогнат да се спротивстави на секојдневните баражи на Русија.
Смета дека Русија црпи економски придобивки од војната во Иран, наведувајќи го ограниченото олеснување на американските санкции за руската нафта.
Украина, како што рече, е подготвена да го сподели своето искуство и технологија со земјите од Заливот, кои се цели на Иран, вклучувајќи дронови-пресретнувачи и морски дронови, кои неговата земја ги произведува со финансирање од Американците и нејзините европски партнери.
