Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во Чернобил, изјави советник од украинскиот претседателски кабинет.
„Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по тотално бесмислен напад од Русите“,
нагласи советникот Микаил Подолиак.
Претходно и украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Твитер предупреди дека Русите се обидуваат да ја презедат оваа централа.
„Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ Чорнобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година“,
напиша Зеленски.