Украинските воздухопловни сили објавија дека силите за противвоздушна одбрана собориле 78 од 83 беспилотни летала што во текот на ноќта ги лансирала руската армија
Осум лица, меѓу кои и тригодишно дете, се повредени во руски напад што се случи синоќа врз станбена зграда во Киев, пренесува Ројтерс.
Тимур Ткаченко, началник на воената администрација во Киев, објави дека четворица од нив се хоспитализирани, од кои едно лице се наоѓа во тешка здравствена состојба.
На Телеграм објави дека во нападот е оштетена станбена зграда.

„Оштетена е висока станбена зграда во населбата Дарница, со скршени прозорци од 6. до 11. кат на еден од влезовите. Четири лица се хоспитализирани, од кои едно е во критична состојба“,
кажа тој.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, исто така се огласи велејќи дека противвоздушната одбрана (ПВО) е активна во градот.
Украинските воздухопловни сили објавија дека силите за противвоздушна одбрана собориле 78 од 83 беспилотни летала што во текот на ноќта ги лансирала руската армија.
Овие масовни воздушни напади се случија само неколку дена откако на 23 јули Русија и Украина одржаа трета рунда мировни преговори во Истанбул. Разговорите не резултираа со договор за прекин на огнот, и покрај заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе високи тарифи за Русија доколку Москва не се согласи на договор во рок од 50 дена од објавата на шефот на Белата куќа.
Русија често ја напаѓа Украина со беспилотни летала ноќе испукувајќи ракети насочени кон пробивање на воздушната одбрана.
🏚️ This is what a residential building in Kyiv looks like after a night attack by the Russians.
— NEXTA (@nexta_tv) July 28, 2025
💥 The blast wave shattered windows from the 6th to the 11th floor.
8 people were injured, including a child. All are residents of the Darnytskyi district.
The strike hit a… pic.twitter.com/yV1LhkAyuU