Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, во вечерашното интервју за „360 степени“ вели дека С Македонија заврши голема работа со исполнувањето на условите за членство во НАТО и вели дека САД дава голема поддршка и на земјава и на Западен Балкан да се движи напред.
„Има огромна поддршка за Северна Македонија и таа се гледа и овде во Охрид, на овој ‘Преспа форум за дијалог’. Бројот на земји, на лидери, бројот на влијателни дипломати кои дојдоа мислам дека ја покажува силната поддршка што ја има Северна Македонија. И, секако, од Вашингтон, ги видовте пораките на претседателот Бајден кој е долгогодишен пријател на овој регион и на оваа земја. Секретарот Блинкен, на разните мултилатерални форуми додека беше во Европа минатата недела, јасно стави до знаење дека сакаме да видиме како овој регион оди напред. Ја даваме целата наша поддршка за таа цел“,
вели Рикер.
На констатацијата дека стоењето во место отвора простор, прво на антизападни, антидемократски структури во земјата, но исто така и дополнително придонесува за стагнирање на реформските процеси во Северна Македонија, Рикер вели дека тоа што земјава е членка во НАТО е важна работа, но се надева дека ќе се продолжи и со евроатланската интеграција во поширока смисла.
„Северна Македонија во голем дел е Западот. Северна Македонија е членка, една од 30 сојузнички на организацијата на Северноатлантскиот договор, најуспешната одбранбена и безбедносна организација во историјата. И тоа значи нешто. Северна Македонија заврши огромна работа со реформите во име на нејзините граѓани за да ги исполни условите за тоа членство. Јас сум многу уверен дека земјата ќе продолжи напред, во вистинска насока, во поширока евроатлантска интеграција, особено што излегуваме од ковид-пандемијата. Ова е време кога треба да се фокусираме на економско заздравувањеираст. Претседателот е многу фокусиран на тоа. На отпорност. И ќе треба да го направиме тоа заедно. И тоа е пораката што администрацијата на Бајден ја пренесува и затоа претседателот и секретарот ме испратија овде, во Охрид, за да говорам на овој форум“,
вели Рикер.