Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, во вечерашното интервју за „360 степени“ зборуваше за тоа дека борбата против корупцијата ќе биде главен фокус на САД и претседателот Џозеф Бајден, но и дека од сојузниците ќе се очекува да се приклучат кон овие напори, вклучително и Сверна Македонија.
„Најважните пораки мислам дека доаѓаат од самите граѓани на земјата. Граѓаните сакаат да бираат претставници на кои можат да сметаат дека ќе испорачаат. Тоа е предизвикот во секоја демократија. Претседателот Бајден беше многу јасен дека борбата против корупцијата, зборувајќи јасно и гласно за добро управување, ќе бидат главни теми во надворешната политика на САД. Сметаме на нашите сојузници, како Северна Македонија, да ни се придружат во овие напори низ цел свет. Ја видовте новата извршна наредба за Западниот Балкан што ја донесе претседателот Бајден со цел да ги надгради старите наредби, за да ја прошири и разјасни нашата позиција за справувањето со корупцијата, која ги поткопува основните вредности што ги споделуваме и основните принципи кои се критични за институциите во систем базиран на правила. Тоа не е важно само за напредок на нашата безбедност, туку и за нашиот просперитет“,
вели Рикер.