Со помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, разговаравме на маргините на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“ во Охрид. Тој вели дека има уште многу да се направи, дека луѓето сакаат дополнителни реформи и развој, но и дека споредено со периодот кога ја заврши амбасадорката мисија во земјава во 2011 г, има голем напредок. Тука, пред се, мисли на зачленувањето во НАТО. За односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Договорот од Преспа, Рикер вели – Договорот е завршена работа
360°: Заминавте од тогаш Поранешната Југословенска Република Македонија во 2011 како амбасадор, иако САД ја имаа признаено оваа земја под уставното име. Десет години подцна како помошник-државен секретар на САД сте во Северна Македонија. Ако ги споредувате состојбите во земјава тогаш и сега, што би рекле?
Вистинско задоволство е да се биде повторно овде, во Охрид, едно од моите омилени места. Во Охрид се чувствувам речиси како да сум дома и многу сум среќен за развојот на настаните што ги видовме овде, во Северна Македонија. Завршувам со долго патување кое започна пред речиси две седмици. Го придружував државниот секретарБлинкен на важно патување во Европа, кое беше мешавина од мултилатерални и билатерални средби на кои тој беше во можност да го пренесе засиленото внимание на претседателот Бајден на темата зајакнување на односите со нашите европски партнери и сојузници. Се разбира, претседателот и самиот беше во Брисел пред неколку недели на Самитот на НАТО и таму седеше на иста маса со премиерот на Северна Македонија. Тоа е огромно достигнување за една деценија. Многу сум горд за тоа. Ние сме многу горди што ја имаме Северна Македонија како сојузник и мислам дека тоа симболизира колку, всушност, напреднала земјата во овој период. Има уште многу да се направи. Луѓето се охрабрени, сакаат да видат дополнителни реформи и развој. И ние, САД, заедно со толку многу европски партнери, сме со вас.
360°: Го споменавте членството во НАТО – тоа беше овозможено со Договорот од Преспа, но на Преспа се гледаше и како на жртва за, најмалку, почеток на преговори со ЕУ, но тоа не се случува.
Договорот од Преспа беше исклучително постигнување. Вистински пример за храбра, прагматична дипломатија што ја отстрани една од најголемите пречки на патот на евроатлантската интеграција. Напредокот од тогаш е голем. Северна Македонија е на пат да ги почне преговорите за членство со ЕУ и сигурен сум дека тоа ќе се случи. Ние јасно и ги ставивме до знаење нашите гледишта на бугарската влада, нешто што го направија и многу членки на ЕУ – дека овој процес треба да напредува. Доаѓам од Албанија каде, исто така, чекаат да го направат следниот чекор. Ние сме уверени дека тоа ќе се случи. Дипломатијата може да направи голема разлика, да им помогне на земјите да најдат начин да ги решат проблемите и да продолжат напред. Со Преспа, гледате што значеше тоа во смисла на односите со Грција и, пошироко, на односите во регионот. За ова зборуваше претседателот Бајден кога рече дека мора да се фокусираме на употреба на институциите, на дипломатијата за да одиме напред. Има големи предизвици во светот и никој од нас, ниту САД, не можат да ги решат самостојно. Мора да го направиме тоа со пријатели, со партнери, со сојузници.
360°: Една од дилемите во овдешната јавност е дали земјите членки на ЕУ, па и САД, прават се што можат за да се деблокира пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ?
Има огромна поддршка за Северна Македонија и таа се гледа и овде во Охрид, на овој „Преспа форум за дијалог“. Бројот на земји, на лидери, бројот на влијателни дипломати кои дојдоа мислам дека ја покажува силната поддршка што ја има Северна Македонија. И, секако, од Вашингтон, ги видовте пораките на претседателот Бајден кој е долгогодишен пријател на овој регион и на оваа земја. Секретарот Блинкен, на разните мултилатерални форуми додека беше во Европа минатата недела, јасно стави до знаење дека сакаме да видиме како овој регион оди напред. Ја даваме целата наша поддршка за таа цел.
360°: Бидејќи стоењето во место им отвора простор, прво на антизападни, антидемократски структури во земјата, но исто така и дополнително придонесува за стагнирање на реформските процеси во Северна Македонија.
Северна Македонија во голем деле Западот. Северна Македонија е членка, една од 30 сојузнички на организацијата на Северноатлантскиот договор, најуспешната одбранбена и безбедносна организација во историјата. И тоа значи нешто. Северна Македонија заврши огромна работа со реформите во име на нејзините граѓаниза да ги исполни условите за тоа членство. Јас сум многу уверен дека земјата ќе продолжи напред, во вистинска насока, во поширока евроатлантска интеграција, особено што излегуваме од ковид-пандемијата. Ова е време кога треба да се фокусираме на економско заздравувањеираст. Претседателот е многу фокусиран на тоа. На отпорност. И ќе треба да го направиме тоа заедно. И тоа е пораката што администрацијата на Бајден ја пренесува и затоа претседателот и секретарот ме испратија овде, во Охрид, за да говорам на овој форум.

360°: Дали од перспектива на Вашингтон Северна Македонија се уште е на „линијата на огнот“, како што своевремено изјави државниот секретар Џон Кери?
Северна Македонија е членка на НАТО и тоа носи безбедност, што Претседателот го истакна во смисла на членот 5 и се друго што прави НАТО. САД и останатите сојузници високо го ценат придонесот на Северна Македонија, одржувањето вежби во земјата, учеството и придонесот во нашата поширока заедничка безбедност. Самитот на НАТО покажа дека мора да јанадградиме Алијансата за следната деценија и подолгорочно, за да се справиме со новите закани, како сајбер и хибридните закани. За да се справиме со Кина и да се земат предвид и предизвиците и можностите што ги нуди Кина. Да се справи и со други закани во регионот. Во ова сме заедно и така ќе се движиме напред.
360°: Бевте амбасадор во оваа земја кога почна демократска стагнација. Се чини дека и со актуелната влада на Заев владеењето на правото и борбата против корупцијата остануваат најпредизвикувачките прашања. Дали мислите дека се потребни и појасни и посилни пораки и од ЕУ и САД за тоа дека не е доволно само да се биде про-Преспа, про-решение со Бугарија, туку дека и внатре мора да се работи на демократските реформи?
Најважните пораки мислам дека доаѓаат од самите граѓани на земјата. Граѓаните сакаат да бираат претставници на кои можат да сметаат дека ќе испорачаат. Тоа е предизвикот во секоја демократија. Претседателот Бајден беше многу јасен дека борбата против корупцијата, зборувајќи јасно и гласно за добро управување, ќе бидат главни теми во надворешната политика на САД. Сметаме на нашите сојузници, како Северна Македонија, да ни се придружат во овие напори низ цел свет. Ја видовте новата извршна наредбаза Западниот Балкан што ја донесе претседателот Бајден со цел да ги надгради старите наредби, за да ја прошири и разјасни нашата позиција за справувањето со корупцијата, која ги поткопува основните вредности што ги споделуваме и основните принципи кои се критични за институциите во систем базиран на правила. Тоа не е важно само за напредок на нашата безбедност, туку и за нашиот просперитет.
360°: Ја споменавте извршната наредба на претседателот Бајден и проширувањето на нејзиниот опфат со Договорот од Преспа, со борбата против корупцијата… Дилемите овде се дали ова ќе остане на закана или е можно да видиме и нови лица на листата?
Не може да се знае. Ова се алатките што ги имаме, а администрацијата на претседателот ги користи за спроведување на нашата надворешна политика, фокусирајќи се на она што сметаме дека е важно. Повторно, се сведува на нашата верба, нашата силна верба во важноста на меѓународен поредок базиран на правила. Институциите, вклучувајќи го и НАТО, за кои сме помогнале да се изградат, за нас и трансатлантската заедница и во светски рамки,одржаа еден период на стабилност, на мир и на голем просперитет. Имавме подеми, имавме падови и понатаму ќе имаме подеми и падови, вклучувајќи настани како ковид-пандемијата. Но, претседателот се фокусираше на ковид и во меѓународната политика се фокусира на поправање на некои од нашите односи, ревитализирање на нашите сојузи и тоа го вклучува, дури и за време на ковид, осигурувањеточленството на Северна Македонија да стане реалност. Бев многу почестен што бев дел од тимот што ги прифати документите со кои Северна Македонија стана 30. членка на НАТО.
360°: За ВМРO-ДПМНЕ своевремено имавте порака дека е време да запрат политиките игри – контекстот тогаш беше нивното одбивање да се продолжи мандатот на тогашното СЈО, да се усвои тој закон… Како гледате на улогата и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ денес, меѓу другото, имајќи го предвид нивното однесување кон Договорт од Преспа?
Договорот од Преспа е завршена работа и ние овде, многумина од меѓународната заедница, дојдовме во Охрид за да ја прославиме и истакнеме важноста на Преспа и што претставува тоа. Направи значајни разлика, не само со тоа што отстрани препреки на патот, туку што овозможи да се зголеми соработката во регионот, придонесе за енергетска сигурност, за трговија, за инвестиции. Ова е уште едно долго поглавје, но со големи можности. Само погледнете ги одличните односи меѓу Северна Македонија и Грција кои се развија во сите сфери, од одбраната и безбедноста, како сојузници, до економските можности. Тоа ќе станува уште поважно како излегуваме од ковид, фокусирајќи се на економското закрепнување, фокусирајќи се на ланците на снабдување, на отпорноста. Тоа е иднината. Да се напредува и да не се гледа назад. Да се работи заедно. Не станува збор за партиски позиции и идеологии туку придвижување на земјата напред заедно.