Со брза акција на полицијата во Лече се уапсени две лица осомничени дека се членови на банда, а истрагата е во тек и се трага по други членови на групата

Вооружен напад врз возило за транспорт на пари се случил утрово на автопат во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи. Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а според првичните информации имало и пукање, објавува Раи њуз.
Со брза акција на полицијата во Лече се уапсени две лица осомничени дека се членови на банда. Тие биле лоцирани во северната област Саленто, каде што органите на редот веднаш го насочиле пребарувањето. Истрагата е во тек и се трагата по други членови на групата.
Un furgone portavalori è stato assaltato sulla statale 613, la superstrada che collega Lecce a Brindisi, all’altezza di Tuturano. Secondo le prime informazioni, ci sarebbe stato un conflitto a fuoco con i Carabinieri, ma non risultano feriti. Le immagini mostrano il momento in… pic.twitter.com/CcuqIu5kaf
— La Sicilia (@lasiciliait) February 9, 2026
Според последните информации, напаѓачите дигнале во воздух две возила за транспорт на готовина, а не само едно, како што првично се веруваше, објавува Раи њуз. Нападнатото возило е на компанијата „БТВ Батистоли“, а за да го спречат да продолжи да се движи разбојниците блокирале друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.
По нападот државниот пат Бриндизи-Лече привремено е затворен за сообраќај во двата правци. Според компанијата „Анас“, одговорна за одржување на патиштата, затворањето се однесува на делницата од 8,3 до 12,8 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика. Екипите на „Анас“ и полицијата се на местото на настанот, го регулираат сообраќајот и работат на воспоставување нормални услови што е можно поскоро, се вели во соопштението.
Во написот на Раи њуз се додава дека во престрелката за време на потерата меѓу бандитите и карабинерите било пукано од бандитите, а истрел го погодил автомобилот на карабинерите во делот за патници. Во оваа престрелка нема повредени, се додава во написот.
