Сепак, Си изјавил и дека Кина е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во воспоставувањето мир и стабилност на европскиот континент. Путин потврдил дека со Си разговарал за војната во Украина, а изјавил и дека Москва и Пекинг се посветени за политичко решавање на кризата
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Пекинг каде што се сретна со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, пренесува Би-би-си.
Ова е прва меѓународна посета на рускиот претседател откако го почна својот петти мандат на чело на руската држава. Според странските медиуми, се смета дека оваа средба меѓу двајцата претседатели е трета во рок од година и пол.

За време на разговорите Си рекол дека кинеско-руските односи го издржале тестот на променливиот меѓународен пејзаж, а посочил и дека треба да бидат негувани од двете страни.
„Кина е подготвена да соработува со Русија, со цел да останат добри соседи, добри пријатели и партнери кои си веруваат еден на друг. Да продолжиме да го зајакнуваме трајното пријателство меѓу двата народи и заеднички да продолжиме со националниот развој и ревитализација. Да продолжиме да ја поддржуваме правичноста и правдата во светот“,
рече Си, пренесува Си-ен-ен.
Според Ѓинпинг, пријателството меѓу Кина и Русија трае 75 години, а, како што посочи, тоа станало моќна сила што напредува и покрај дождот и ветерот.
„Нашите две земји секогаш ќе се трудат да обезбедат придобивки за своите граѓани и да придонесат за стабилноста во светот“,
вели тој.
Според рускиот претседател, односите меѓу Кина и Русија претставуваат стабилизирачки фактор за светот.
„Нашата соработка во денешните односи во светот е еден од главните стабилизирачки фактори на меѓународната сцена. Заедно се придржуваме до принципите на правдата и демократскиот светски поредок, кои ја одразуваат мултиполарната реалност и се засноваат на меѓународното право“,
рече Путин.
Енергетиката, индустријата и земјоделството се меѓу приоритетите, како што посочи Путин, на соработка меѓу двете земји. Посебно се осврнал и на рекордната меѓународна трговија меѓу земјите која минатата година потврдила дека Кина е економски партнер на Русија.
Во врска со војната во Украина, кинескиот претседател рече дека во својата надворешна политика Пекинг ќе продолжи да се придржува до Повелбата на Обединетите нации и, како што додаде, ќе се држи настрана.
„Позицијата на Кина по ова прашање е јасна и конзистентна, вклучувајќи го и почитувањето на целите и принципите на Повелбата на ОН. Кина се надева дека ќе види скоро враќање на мирот и стабилноста во Европа“,
рече Си.

Сепак, Си изјавил и дека Кина е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога во воспоставувањето мир и стабилност на европскиот континент.
„Позицијата на Кина во однос на Украина е јасна и конзистентна. Кина и Русија сметаат дека е правилно да се реши украинската криза со политички средства“,
додаде тој.
Xi Jinping recibe a Vladímir Putin
— DW Español (@dw_espanol) May 16, 2024
Xi aseguró estar listo para reforzar sus vínculos con Moscú.
Putin, por su parte, en su segundo viaje a China de los últimos seis meses, busca más apoyo para su invasión de Ucrania – lis pic.twitter.com/gmhvhjx0tk
Путин потврдил дека со Си разговарал за војната во Украина, а изјавил и дека Москва и Пекинг се посветени за политичко решавање на кризата.
„Во Азија нема место за затворени сојузи“,
рече Путин.
Според информациите од Кремљ, Си и Путин ќе потпишат голем број билатерални договори.
Како што пренесуваат кинеските медиуми, двајцата претседатели ќе прослават и 75 години дипломатски односи на свечена гала-забава.
