Нема официјална информација за големината на дефектот, ниту за колку време би бил саниран

Една од главните водоводни цевки вечерва пукна во населбата Влае. Порталот „24info.mk“, објави видео на кое се гледа дека е поплавена цела улица, а како што јавува порталот, водата навлегува во дворови и во подруми од куќи.
Во меѓувреме, жители јавуваат дека нема вода во Хром, Ѓорче, Влае, Карпош… додека во Центар и Аеродром значително е намален притисокот.
Во моментов нема официјална информација за големината на дефектот, ниту за колку време би бил саниран.