„Црните животи се важни“ е испишано на улицата која води до Белата куќа во Вашингтон. Ваквите активности се направени по наредба на градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер.
Таа, исто така, нареди слоганот да биде напишан со големи жолти букви на улицата во знак на протест против ставот на претседателот Доналд Трамп кон протестите за убиството на Џорџ Флојд кој беше убиен за време на апсење.
Градоначалничката на главниот град на САД на својот профил на Твитер објави фотографија и видео од преименуваната улица.
Таа исто така побара од претседателот на САД да ја повлече федералната армија од улиците на главниот град, каде што беше испратена да и помогне на полицијата за време на судири со демонстрантите во претходните денови.