Ураганот Ида, кој во неделата стигна до брегот на Луизијана како ураган од категорија 4, со ветрови со брзина од околу 240 километри на час, предизвика високи бранови кои поплавија голем дел од брегот
Американскиот претседател Џо Бајден прогласи катастрофа во државата Луизијана и нареди да се обезбеди федерална помош за областите погодени од ураганот Ида, објави Белата куќа.
„Помошта може да вклучува средства за привремено сместување и реконструкција на домови, заеми со ниски камати за покривање на загубата на неосигурен имот, како и други програми за помош за да им се помогне на поединците и сопствениците на бизниси да закрепнат од катастрофа“,
се вели во соопштението.

Повеќе од еден милион домови во американската сојузна држава Луизијана останаа без струја, додека во предградие во близина на Батон Руж едно лице загина во налетот на ураганот, кој предизвика значителни штети и поплави во целата држава, предизвикувајќи стравување дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми.
Ураганот Ида го остави без струја целиот град Њу Орлеанс, неколку часа откако ја погоди американската држава Луизијана. Енергетската компанија „Ентерџи“ потврди дека Њу Орлеанс е без електрична енергија и дека единствената електрична енергија во градот доаѓа од генератори.
Before and after security camera footage from Fire Station #12 in Delacroix within a 1 hour time span. #idahurricane #HurricaneIda #Hurricane #Category4 pic.twitter.com/9PL8V9KySA
— St. Bernard Parish (@StBGov) August 29, 2021
Националниот центар за урагани соопшти дека Ида ослабела до бура од категорија 3, откако беше ураган од категорија 4 кога стигна до копно.

Ида носеше покриви на згради и предизвика поплави во крајбрежните области на Луизијана. Тоа е една од најсилните бури во историјата на САД. Удри точно 16 години по ураганот Катрина, кој предизвика пустош во Луизијана и Мисисипи.
Ураганот Ида, кој во неделата стигна до брегот на Луизијана како ураган од категорија 4, со ветрови со брзина од околу 240 километри на час, предизвика високи бранови кои поплавија голем дел од брегот.
