Исто така, откриени биле и неправилности во работењето во доменот на надлежности на ДПИ и УЈП
Полициски службеници во содејство со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи вчера и денеска во раните утрински часови извршија акциска контрола во угостителски објекти во Кавадарци. Притоа еден угостителски објект е затворен, односно запечатен.
При контролата, информираа од МВР, затекнати се 28 лица без ковид-сертификати, како и осум лица кои работеле како обезбедување без да поседуваат лиценци за оваа дејност, по што тие се приведени.
Исто така, откриени биле и неправилности во работењето во доменот на надлежности на ДПИ и УЈП. За сите неправилности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.