Во објавата на косовската полиција се наведува дека полицијата утринава добила информација со заканувачка содржина за поставена експлозивна направа на меѓународниот аеродром во Приштина
Дојава за поставена бомба денеска привремено го затвори аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина, информира косовската полиција на Фејсбук.
Во објавата се наведува дека полицијата утринава добила информација со заканувачка содржина за поставена експлозивна направа на меѓународниот аеродром во Приштина.
По направените проверки во просториите на аеродромот, било утврдено дека заканата е лажна.
„По завршувањето на контролата и работата од страна на надлежните институции, работењето и сообраќајот на аеродромот се врати во нормала. Им благодариме на граѓаните за разбирањето и покажаната соработка со институциите на Република Косово“,
се наведува во фејсбук-објавата на косовската полиција.