Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по пријава за случајот свикани се на разговор три лица и одземена е пушка која е дадена на вештачење
Преживеа кучката во која вчера битолчанец пукаше со пушка. Од Здружението за заштита на животни, АRC, чии активисти вчера трагаа по повреденото животно кое крвавело во пределот на вратот, информираа дека тоа утрово се вратило кај своите кученца, по што го однеле на ветеринар.
„ДОБРИ ВЕСТИ! Дојдовме да ги нахраниме малечките на мајката во која вчера беше пукано и нè дочека изненадување! Мајката е жива, да ги надои и среди малечките, и одиме на ветеринар. Фала ви на сите што излеговте и ни помогнавте во потрагата“,
стои во објавата на Здружението на Фејсбук.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по пријава за случајот свикани се на разговор три лица и одземена е пушка која е дадена на вештачење.
„На 04.07.2021 во СВР Битола, Д.К.(21) од Битола пријавил дека на ул. ’16’ маж со пушка пукал во куче. Во полициска станица повикани се три лица, пушката е одземена и дадена на вештачење и се работи на расчистување на случајот“,
велат од МВР.
