Претресот на двете фирми во Неготино покажал дека фирмите работат спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, велат од МВР

Полицијата вчера со судска наредба извршила претрес во простории на две фирми во Неготино, овластени за одгледување канабис за медицински цели.
Во едната фирма при претресот било констатирано дека од четири реколти недостасуваат околу 40 килограми канабис, како и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
Кај другата фирма, бил пронајден сув цвет од кабанис за кој допрва ќе се доставувало документација до надлежната комисија, а биле констатирани и повеќе неправилности со кои правното лице постапувало противзаконски.
„По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против правните и одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави“,
соопштуваат од МВР.