Српскиот министер за трговија и туризам Расим Љајиќ на завршниот предизборен митинг во Нови Пазар изведе перформанс во стилот на сценските настапи на хеви-метал или панк-групите, скокајќи од бината во публиката пред него.
Љајиќ, која ја предводи листата „Европски Нови Пазар – Расим Љајиќ“, на парламентарните избори што ќе се одржат викендов во Србија прво зеде залет и потоа скокна во публиката – негови поддржувачи кои според реакцијата го дочекаа со воодушевување.

Видеото од хеви-метал перфомансот на Љајиќ веднаш се прошири на социјалните мрежи.