Пожарот настанал откако се запалил уред за довод на кислород во болницата
Рано утринава избувнал пожар во ковид-болница на југ од Русија, Астрахан, а во огнената стихија животот го загубиле две лица, пренесуваат руските медиуми.
Пожарот се случил на одделението за интензивна нега, пренесува „РИА Новости“.
Според првичните информации, пожарот настанал откако се запалил уред за довод на кислород во болницата.
Персоналот и сите други пациенти се евакуирани од зградата, а засега нема дополнителни информации за повредени лица во пожарот.