Од почетокот на корона-кризата, ова е трет пожар во болница во Романија
Утрово избувна пожар во болницата во романскиот град Констанца, во кој според последните информации загинале девет лица, објавија властите.
Во тек е евакуација на пациентите и персоналот од болницата за инфективни болести.
„Потврдуваме дека има мртви“,
соопшти Министерството за здравство.
Во соопштението се додава дека во болницата биле сместени 113 пациенти, од кои десет на интензивна нега.
Од почетокот на корона-кризата, ова е трет пожар во болница во Романија.
