Од скопската противпожарна служба велат дека пожарот е изгаснат и оти не е предизвикана друга материјална штета

Шест пожарникари со две противпожарни возила денеска интервенирале во гаснење на пожар што избувнал на локација на Скопското кале во близина на Амбасадата на САД.
Командирот на скопската противпожарна единица, Звонко Томевски, во изјава за „360 степени“, вели дека на локацијата кај Француските гробишта, на поголема површина, гореле сува трева и грмушки.
„Пожарот е изгаснат. Нема причинето друга материјална штета“,
рече Томевски.
До редакцијата на „360 степени“ беше испратено видео на кое може да се види дека од пожарот се шири голем чад и оти пожарникарите интервенираат во негово гаснење.