Од запалената куќа, пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која според првичните информации не се наоѓа во животно загрозувачка состојба
Голем пожар избувна попладнево во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во центарот на Кочани, објави Радио Кочани.

Пожарникарите се на терен и со неколку противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат огнот.
Од видеата што ги објави Радио Кочани на својот фејсбук-профил, се гледа дека на терен се интервенира со две противпожарни возила.
Овој дел од улицата е густо населен со куќи, што се залепени една до друга. Затоа постои опасност огнот брзо да се прошири и на другите куќи.
Засега нема информации како настанал пожарот и колкава штета е причинета.
Според неофицијални извори, како што пренесува МИА, огнот од едната куќа се префрлил на соседната. Сепак, тој е локализиран и е спречено да не се прошири на околните објекти.
Од запалената куќа, пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која според првичните информации, не се наоѓа во животно загрозувачка состојба.
Гаснењето на пожарот сè уште трае.