„Руските сили удираат врз станбени згради. Има голем број оштетени повеќекантици, практично во секој округ (на Киев)“, напиша началникот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, на платформата Телеграм.
Руските сили ноќеска и рано утрово извршија нов масовен напад во главниот град на Украина, Киев, што предизвикаа повеќе пожари, а остатоци од урнати објекти се расфрлени низ неколку области во градот, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко, пренесоа светските агенции.

Според него, најмалку 11 лица се повредени во повеќекратните напади, додека многубројни екипи од единиците за итни случаи се испратени на погодените места за справување со последиците.
Извештаите на агенциите Ројтерс и Асошиејтед прес (АП) наведуваат дека во украинската престолнина одекнале низа силни експлозии, а била активирана и противвоздушната одбрана. Според информациите, пет лица се хоспитализирани, од кои еден маж и една бремена жена се наоѓаат во критична состојба.
Официјалните лица издале предупредување дека во тек е напад на главниот град, повикувајќи ги жителите да останат во засолништата додека не се укине тревогата за воздушен напад, а градските власти известиле дека се можни прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Фотографии и снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат згради во пламен на повеќе локации и жители како се собираат на улиците на кои можат да се забележат урнатини пред станбените згради, пренесува „Гардијан“.
Kyiv under massive missile and drone attack. Reports of hits on high-rise residential buildings. pic.twitter.com/x0gB6w8FLR
— LoisAceLane (@LoisAceLane) November 13, 2025
„Руските сили удираат врз станбени згради. Има голем број оштетени повеќекантици, практично во секој округ (на Киев)“, напиша началникот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, на платформата Телеграм.
Тој наведе дека се распоредени беспилотни летала и ракети за одбрана на градот, а екипи на службите за итни случаи се испратени на неколку локации.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека системот за греење, исто така, претрпел оштетувања, поради што услугата е прекината во еден округ. Тој предупреди дека се можни прекини и во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Остатоци од урнатини паднале во двор од станбена зграда во округот Дерницки, како и во кругот на образовен објект, додека еден автомобил се запалил откако бил погоден од паднати фрагменти од проектил.
Во округот Днепровски остатоците оштетиле три станбени згради, едно приватно домаќинство, а предизвикале и пожар на отворен простор. Во округот Подилски, пак, оштетени се пет станбени згради и уште еден нерезеденцијален објект.
Неколку пожари од паднати фрагменти од проектили и беспилотни летала биле регистрирани и во други делови од главниот град на Украина.
Во поширокиот регион Киев, во руските напади, според извештаите, се оштетени критична инфраструктура и приватни домови, а повреден е најмалку еден цивил, соопштил шефот на регионот Микола Калашник.
Според него, 55-годишен маж од местото Била Церква бил хоспитализиран поради изгореници од пожарите кои се регистрирани во приватни куќи во предградијата на Киев.

Инаку, нападот доаѓа откако претставници на Европската Унија оваа недела предупредија дека Украина мора да продолжи да се бори против корупцијата по големиот скандал што доведе до оставки и останувања од функциите на повеќемина високи функционери од енергетскиот сектор на земјата.
Европските челници, исто така, дадоа силно уверување дека помошта за Киев за одбрана од руската агресија ќе продолжи и понатаму.
