Најмалку 30 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се повредени денеска во судир на два брзи воза во јужен Пакистан. Дел од повредените се во критична состојба, а се стравува дека бројот на жртви ќе расте бидејќи дел од вагоните се превртени и отежнат е пристапот за извлекување на патниците.
Несреќата се случила во регионот Готки и според првичните информации, еден воз излетал од шините и потоа во него удрил друг воз. Во возовите со 14 вагони, имало околу 1 100 патници.