Според „Вашингтон пост“, помеѓу жртвите има и бебиња

Во Кентаки досега се потврдени 64 смртни случаи по низата катастрофални торнада што викендов удрија врз оваа и неколку други сојузни држави од централниот дел на САД, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешер, кој кажа дека оваа бројка е заклучно со понеделник наутро, а вкупниот број на жртви и натаму се утврдува.
Според него, ќе бидат потребни недели пред да се дознае вкупниот број на загинати, како и големината на штетите предизвикани од катастрофалното невреме. Според овие информации 105 лица засега се водат за исчезнати.
Во обраќањето до јавноста, гувернерот имал тешкотии во дишењето, а неговиот глас треперел во изјавата дека некои од загинатите се идентификувани и новната возраст варира од пет до 86 години. Претходно, тој изјави и дека настрадале и негови роднини.
„Шестмина се помлади од 18 години од 64 потврдни смртни случаи, 18 се неидентификувани“, изјави гувернерот Бешер.
изјави гувернерот Бешер.
Тој во неделата за Си-Би-Ес изјави дека во катастрофата животот го загубиле и негови роднини и членови на семејството.
„Ние сме издржливи луѓе. Ќе поминеме и преку ова, но нема да биде лесно. Се уште не можам да се смирам откако дознав дека мојот вујко изгубил двајца братучеди во округот Муленберг“, соопштил Бешер.
соопштил Бешер.
Според „Вашингтон пост“, помеѓу жртвите има и бебиња, чија возраст изнесува и 5 месеци. Околу 250 000 домови во државата остануваат без струја.
Претседателот Џо Бајден веќе испрати сојузна помош откако прогласи состојба на катастрофа во повеќе држави зафатени од низата торнада.