Возовите денеска нема да сообраќаат на горното ниво од станицата, додека возовите на долното ниво ќе минуваат низ неа без запирање
Пожарот избувнал во продавница за електронски цигари на улицата „Јунион“, пред да се прошири на дел од зградата позната како „Јунион корнер“. Станува збор за викторијанска зграда од 1851 година, која делумно се урнала неколку часа по избувнувањето на пожарот
Голем пожар вчера попладне избувна во зграда што се наоѓа веднаш до Централната железничка станица во Глазгов, Шкотска, предизвикувајќи нејзино делумно уривање, пренесува Би-би-си.
Сите железнички услуги од горниот кат на најпрометната станица во Шкотска се откажани, а истата ќе остане затворена додека не се направи расчистување на теренот.

Во пожарот нема повредени.
Пожарот избувнал во продавница за електронски цигари на улицата „Јунион“, пред да се прошири на дел од зградата позната како „Јунион корнер“. Станува збор за викторијанска зграда од 1851 година, која делумно се урнала неколку часа по избувнувањето на пожарот.
#Escocia | Un fuerte incendio consumió un edificio histórico en Escocia, aledaño a la estación del tren de Glasgow. El fuego inició en una tienda de cigarrillos electrónicos. Video de @ActualidadRT pic.twitter.com/g7Azs6nR8A
— Diario La Gaceta (@DiarioLaGaceta) March 9, 2026
Шкотската противпожарна и спасувачка служба објави дека во интервенцијата за гаснење на пожарот учествувале повеќе од 60 пожарникари со 15 возила.
Екипите биле испратени на терен околу 15:45 часот по локално време, но пожарот се разгорел во текот на вечерта.
Иако на почетокот, како што велат очевидци на настанот, се гледалo како само чад излегува од зградата, во рок од неколку часа се појавил отворен пламен.
Кафулето „Секси кафе“, што се наоѓа во засегнатата зграда, објави дека е целосно уништено.
Union Street fire in Glasgow completely destroys Sexy Coffee. The entire block next to Central Station has gone. pic.twitter.com/OJuejYFWiX
— G R I F T Y (@GriftReport) March 9, 2026
Од железничка инфраструктура „Нетворк реил“ објавија дека самата станица не претрпела голема штета.
„Според моменталните информации, не утврдивме никаква значителна штета на станицата. Ќе направиме целосна проценка во текот на денот“,
соопштија оттаму.
Полицијата ги блокира околните улици и им советуваше на жителите да ги држат прозорците затворени поради чадот.
Шкотскиот премиер Џон Свини ги повика граѓаните да ги следат упатствата на службите за итни случаи.
Поради пожарот, возовите денеска нема да сообраќаат на горното ниво од станицата, додека возовите на долното ниво ќе минуваат низ неа без запирање.
