Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради поплавите што ги предизвика ураганот Ида во североисточниот регион.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, ги повика граѓаните да бидат одговорни и да не излегуваат на улиците и информираше дека околу 5 300 домаќинства останале без струја.
Блокиран е и сообраќајот, а на градските улиците дозвола за движење имаат само возилата на итната медицинска помош. Во меѓувреме, се евакуираат и граѓани што се затекнале во метрото за време на силните врнежи од дожд. Засега нема информации за повредени лица.
„Сведоци сме на историски временски настани со рекорден дожд во градот, поплави и опасни услови на нашите патишта“,
вели градоначалникот.
Wild scene in the subway tonight #subwaycreatures #ida pic.twitter.com/G5MJp1qGhw
— Rick (@SubwayCreatures) September 2, 2021
Ураганот го погоди централниот дел на источниот, атлантскиот брег на САД, предизвикувајќи поплави и торнада. Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на океаните и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.