Од вчера, спасувачите извлекоа седум тела од под насобраните слоеви земја и карпеста маса во најпогоденото село во областа. Во соседните села се пронајдени уште тројца мртви

Поројните дождови кои го зафатија индонезискиот остров Суматра предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, при што загинаа најмалку 19 лица, а уште седум се водат како исчезнати, објавија локалните власти.
Од вчера, спасувачите извлекоа седум тела од под насобраните слоеви земја и карпеста маса во најпогоденото село во областа. Во соседните села се пронајдени уште тројца мртви.
Raging floods in Padang, West Sumatra, #Indonesia after heavy rainfall, hundreds evacuated #Flood #Sumatra #Padang #IndonesiaFloods #Flooding #FlashFlood #Rain #Weather #Viral #Climate pic.twitter.com/AcUnx7oSTn
— Earth42morrow (@Earth42morrow) March 8, 2024
Шест тела беа пронајдени во Песисир Селатан и уште три во соседната област Паданг Парјаман. Националната служба за вонредни состојби соопшти и дека во поплавите се повредени две лица. Според нејзините информации, повеќе од 80 илјади луѓе останале без домови, а владата привремено ги сместила на друго место.
Дваесет илјади домови во девет области во индонезиската провинција Западна Суматра се поплавени до плафон.
Спасувачките операции беа отежнати поради прекин на електричната енергија и отсечени патишта, како последица на лизгањето на земјиштето и поплавите.