Најмалку четири лица, меѓу кои и двајца пожарникари загинаа, а околу 50 се водат како исчезнати по катастрофалните поплави кои ја зафатија западна Германија. Во местото Шулд во Рајнланд-Пфалц поради поројните дождови и поплавите се урнале шест куќи, во Арвајлер луѓето се спасувани од покривите, објави „Дојче веле“.
Портпаролот на полицијата во Кобленц потврди дека четири лица го загубиле животот. Нивните тела биле пронајдени на разни места. Други 25 куќи се изложени на ризик од уривање во областа Шулд, јави телевизијата СВР повикувајќи се на локалната полиција, пренесува Билд.
Некои места се отсечени од светот поради надојдените води. Многу граѓани на покривите од своите куќи ги чекаат спасувачките екипи да стигнат до нив со чамци.
Армијата е распоредена да им помага на загрозените жители, јави ДПА.
Железничкиот, речниот и друмскиот сообраќај е во прекин, а пловидбата по Рајна е прекината.
Се очекуваат денеска обилни врнежи од дожд во југозападна Германија, а дождот ќе врне до петок навечер, предупреди германската метеоролошка служба.
Невремето и обилните дождови посебно ги погодија покраините Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, но и Баден Виртемберг, Баварија и Саксонија.
Улиците во повеќе населени места се под вода, што на места целосно ја оневозможува интервецијата на екипите на противпожарната служба и на службите за медицинска помош. Во Арвајлер е прогласена вонредна состојба поради природна непогода.
#BREAKING Flood in Germany#洪水 #flut #Deutschland #Flood #Germany pic.twitter.com/VmaGGhpGGF
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) July 15, 2021