Пронајденото оружје е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања
Во полициска акција што рано утрово ја спроведе Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на локален пат од селото Орланци, во правец кон селото Никуштак, во атарот на Општина Арачиново, е пронајдено оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Полицијата пронајде еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети“,
се вели во соопштението од полицијата.
Пронајденото оружје е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања.
Како што велат од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.