Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната, но, засега останува нејасно дали оштетувањето го предизвикале остатоци од соборен дрон или пак била цел на директен напад, што би значело ескалација на воздушната кампања на Русија врз Украина, пишува британски „Гардијан“
Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.

Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
На фотографиите се гледа како од кровот на владиниот објект се издига облак од чад, но, засега останува нејасно дали оштетувањето го предизвикале остатоци од соборен дрон или пак била цел на директен напад, што би значело ескалација на воздушната кампања на Русија врз Украина, пишува британски „Гардијан“. Имено, Русија досега избегнуваше таргетирање владини згради во центарот на главниот град на Украина.
Инаку, зградата е седиште на укранскиот владин кабинет и во не се сместени канцелариите на министрите.
„За првпат, владината зграда е оштетена од непријателски напад, вклучувајќи го покривот и горните катови…Ќе ги обвновиме зградите, но изгубените животи не можат да се вратат“,
изјави премиерката на Украина, Јулија Свириденко.
Според официјални претставници на украинските власти, Русија во синоќешниот напад употребила 805 беспилотни летала и други проектили, од кои поголемиот биле соборени од страна на украинската противвоздушна одбрана.
Портпаролот на воздухопловните сили на Украина, Јуриј Игнат за новинаската агенција Асошиејтед прес (АП) изјавил дека синоќешниот напад бил најголемиот од почетокот на руската инвазија врз земјата во 2022 година.
Според соопштението на воздухопловните сили, нивната противвоздушна одбрана усепала да собори и да неутрализира 747 беспилотни летала и четири ракети.
Инаку, како што се наведува, цел на руските напади ноќеска биле 37 локации низ Украина, а остатоци од соборени беспилотни летала и ракети паднале на осум места.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека бебе и млада жена се убиени во нападите со беспилотни телата, додека една бремена жена била меѓу пет повреднеи лица што биле пренесени во болница.
Претходно Кличко изјави дека една повозрасна жена починала во засолниште во округот Дерницки во Киев, источно од реката Днепар.
Според градоначалникот на Киев, делумно била унишета и деветкатна станбена зграда во западниот округ Свјатошински, додека остатоци од беспилотни летала предизвикале пожар на шестанесеткатница и други две згради.
„Русија намерно и свесно напаѓа цивилни цели“,
изјави началникот на воената администрација на главниот град, Тимур Ткаченко, на Телеграм.
Десетици експлозии, според извештатите што ги пренесуваат светските медиуми, одекнале и во централниот украински град Кременчук, предизвикувајќи прекин на струјата во некои области. Во регионот Кривји Рок, пак, цел на нападите била транспортната и урбаната инфраструктура, изјавил на Телеграм, началникот на воената администрација на овој регион, Олександр Вилкул. Според него, во овие напади нема пријавени случаи на загинати или повредени.

Но тука не застануваат да се бројат последиците од последниот масовен руски напад врз Украина.
Во јужниот град Одеса, оштетена е цивилна инфраструктура и станбени згради, а пожари се пријавени во неколку станбени блокови во градот, изјавил регионалниот гувернер Олег Кипер на Телеграм.
Од Москва засега нема коментар за синоќешниот напад.
Инаку, и двете страни во конфликтот постојано ги отфрлаат тврдењата дека намерно таргетираат цивилни цили.
Соочена со заканата од воздушни напади, Полска синоќа повторно превентивно ги активирала своите и сојузничките борбени авиони за да осигура безбедност на воздушниот простор на земјата, соопшти оперативната команда на полските вооружени сили.