Како што информираат од ДЗС, во гаснењето на пожарот интервенира и хеликоптер

Дирекцијата за заштита и спасување испрати снимки од страшниот пожар што попладнево ја зафати фирмата „Ф-групација“ која се занимава со електричен отпад во скопско Трубарево.
Густиот облак од црн чад што се издигна и е видлив од повеќе делови на главниот град предизвика вознемиреност кај граѓаните.
Од Центарот за управување со кризи додаваат дека пожарникари интервенираат во гаснењето.
„Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена е пријава за голем пожар во Општина Гази Баба по точно во с. Трубарево каде што гори фабрика за пластични работи. БППЗ на Град скопје се на самото место каде што интервенираат во гаснењето на пожарот. Состојбата се следи“,
соопштија претходно од ЦУК.
Како што информираат од ДЗС, во гаснењето на пожарот интервенира и хеликоптер.
