„Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир“, се вели во објавата на премиерот на социјалната мрежа
Поддршка за Израел во овие тешки моменти, напиша доцна вечерва премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук, откако на фасадата на објектот на Владата претходно беше проектирано знамето на Израел.
„Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир“,
стои во останатиот дел од објавата на Ковачевски на социјалната мрежа.
Откако, „360 степени“ информираше за проекцијата на државното знаме на Израел, покрај премиерот со соопштение излезе и Секторот за односи со јавност на Владата, во кое го пренесуваат постот на Ковачевски на Фејсбук.
„Во знак на поддршка на Израел, вечерва, зградата на Владата на Република Северна Македонија беше ‘обоена’ со израелското знаме“,
се наведува во соопштението од Владата.
Во соопштението, како и во објавата на Ковачевски Фејсбук, е споделено видео од проекцијата на израелското знаме на фасадата од владината зграда.
Групата Хамас во саботата на 7 октомври изврши масивен напад на Израел, истрелувајќи голем број ракети врз Израел. Во нападите загинаа стотици луѓе, а Израел почна големи операции врз Појасот Газа како одговор на нападот.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи уште истиот ден ги осуди нападите на Хамас врз Израел.
„Продолжува нашата целосна солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат“,
напиша Османи на социјалната мрежа „Икс“ во саботата.
Осуда за нападот стигна од Европската Унија, САД, НАТО, Обединетите нации…
Поради нападите и војната што избувна на Блискиот Исток по нив, голем број странски државјани, меѓу кои и државјани на Северна Македонија сè уште се заглавени во Израел, а македонските власти прават напори за нивно извлекување.
За таа цел Министерството за надворешни работи формира Кризен штаб.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел ќе се одмазди за разорниот напад на Хамас и со тоа ќе го трансформира Блискиот Исток.
Обраќајќи се до локалните политичари од јужниот дел на земјата, Нетанјаху денеска изјави дека одговорот на Израел на невидениот повеќекратен напад од палестински вооружени лица започнат против Израел од Појасот Газа ќе го промени Блискиот Исток.
Денеска претседателот на Израел Исак Херцог, го спореди упадот на милитантите на Хамас во текот на викендот со „грозоморните и неискажливите“ акции на т.н. Исламска држава. Тој ги повика светските лидери да го прогласат Хамас за терористичка организација и да го поддржат Израел со „зборови и со дела“.
„Мислам дека од Холокаустот не се убиени толку многу Евреи во еден ден. Од Холокаустот не сме биле сведоци на сцени на еврејски жени и деца, баби и дедовци – дури и оние кои го преживеале Холокаустот – како се ставаат во камиони и се носат во заробеништво. Хамас го воведе, усвои и го повтори дивјаштвото на ИСИС, влегувајќи во домовите на цивилите на празници и ладнокрвно убивајќи цели семејства. Млади и стари, малтретираат и палат тела, тепаат и мачат невини жртви, Евреи и муслиманите и други религии. Бруталност. Нечовечност. Варварството на чудовиштата. Нелуѓе – чудовишта“,
рече Херцог, пренесуваат светските медиуми.
Israel’s President Herzog: “Not since the Holocaust have so many Jews been killed on one day. And not since the Holocaust, have we witnessed scenes of Jewish women and children, grandparents – even Holocaust survivors – being herded into trucks and taken into captivity.” pic.twitter.com/3puHZwWK4E
— Michael Shuval ?️? (@MichaelShuval) October 9, 2023