Две лица се извлечени од урнатините во јужниот град Хатај околу 204 часа по земјотресот што ги погоди југоисточна Турција и делови од северозападна Сирија. Едното лице е жена по име Муна, странска државјанка, која е извлечена жива од урнатините во Хатај, пренесува агенцијата „Анадолија“

Најмалку пет лица се спасени денеска од урнатините на областите погодени од земјотресот во Турција, објавија локалните медиуми. Спасувањето е осум дена по најтешкиот земјотрес во модерната историја на земјата, кој според досегашните информации однесе повеќе од 37 000 животи во Турција и во соседна Сирија.
„Две лица се извлечени од урнатините во јужниот град Хатај околу 204 часа по земјотресот што ги погоди југоисточна Турција и делови од северозападна Сирија. Едното лице е жена по име Муна, странска државјанка, која е извлечена жива од урнатините во Хатај“,
објавија турските медиуми.
Претходно денеска, осумнаесетгодишниот Мухамед Кафер беше спасен од урнатините на зграда во Јужна Турција 198 часа по земјотресот, објави Си-ен-ен турк.
Во турската провинција Адијаман, телевизијата покажа дека спасувачите го носат Кафер врзан за носилки со маска за кислород на лицето, додека до него бил здравствен работник.
Кафер мрдаше со прстите додека го носеа до Брзата помош. Претходно, спасувачите спасија двајца браќа од урнатините на станбен блок во соседната провинција Кахраманмараш.
Државната новинска агенција „Анадолија“ наведува дека станува збор за седумнаесетгодишниот Мухамед Енес Јенинар и неговиот дваесет и едногодишен брат Баки Јенинар. Тие се хоспитализирани, а не се знае каква е нивната состојба.
Неколку часа претходно, агенцијата „Анадолија“ објави дека и дваесет и шестгодишна девојка е извлечена од под урнатините во Хатај.
(VIDEO) A 26-year-old woman was pulled alive out of the rubble in Hatay miraculously 201 hours after the first earthquake hit Türkiye on Feb.6
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 14, 2023
? LIVE updates here: https://t.co/rjJzOvoAcc pic.twitter.com/MloDOm75Nd
Вкупниот број на загинати во Сирија, разрушена од граѓанската војна, достигна 5 714, вклучувајќи ги и оние што загинаа во бунтовничката енклава и оние во областите под контрола на владата. Тоа е шестата најсмртоносна природна катастрофа во овој век, зад земјотресот во 2005 година во кој загинаа најмалку 73 000 луѓе во Пакистан.
Десетици жители и припадниците на службите за итни случаи во изјава за Ројтерс се пожалија на недостиг од вода, храна, лекови, вреќи за телата и кранови во зоната на катастрофата во првите денови по земјотресот, а многумина ја критикуваа бавната реакција на турската Управа за катастрофи и вонредни состојби (АФАД).