Шефот на државата, Стево Пендаровски, во интервју за „360 Степени“ вели дека нема ништо противуставно во тоа АРМ да се вклучи со помош во ковид-кризата. Тој вели дека Армијата нема да биде вооружена и може да помага во подигање на шатори каде што би се лекувале пациенти, како и да ги обезбедува истите.
Според него, критиките за ова доаѓаат од луѓето кои немаа проблем војниците да бидат ангажирани во куманвските настани и во поплавите што се случија во Ченто.
„Не кажуваат ништо за одлуката на мојот претходник Ѓорѓе Иванов да се ангажира Армијата во поплавите во Сингелиќ. И сметам дека таа одлука беше исправна. Армијата и војниците помагаа во расчистување на просторот потоа и требаше да помагаат. Мојата наредба се однесува на војници кои ќе бидат без оружје, затоа прашува што е незаконски ако војниците обезбедуваат складишта со лекови и медицинска опрема или подигаат шатори во кои ќе бидат сместени медицински работници“,
рече Пендаровски.